Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) попладнево беше извршена ждрепка за второто коло во квалификациите за Лигата на Европа.
Во второто по квалитет клупско континентално натпреварување ќе учествуваат и три македонски екипи: Шкендија, Ренова и Силекс.
Шкендија како и во првото коло, ќе игра на гостински терен, овојпат со Ботошани од Романија.
Силекс на домашен терен ќе игра со Дрита од Косово, а исто така и Ренова ќе биде домаќин, ќе го пречека Хајдук од Сплит.
И во оваа фаза ќе се игра само по еден натпревар. Терминот е 17 септември.