Суперкупот на УЕФА може да се откаже поради ограничувања за влез во Унгарија

Од:

Натпреварот за Суперкупот на УЕФА, кој е закажан за 24 септември во Будимпешта, може да не се одржи поради ограничувачки мерки за борба против ширењето на коронавирусот во Унгарија, пишува британскиот весник „Тајмс“.

Претходно стана познато дека унгарската влада од 1 септември ќе го ограничи влезот во земјата за странците.

На натпреварот за УЕФА Суперкупот треба да играат германски Баерн и шпанска Севиља. УЕФА планираше да го одржи овој меч со публика (максимум 30 проценти од капацитетот на стадионот).

Според „Тајмс“ ограничувањата наметнати од унгарската влада ја доведуваат во прашање можноста натпреварот да се одржи во Будимпешта.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри