Ѓока: Добро го проучивме противникот и тоа беше пресудно за нашата победа

Од:

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока изрази задоволство од прикажаното на неговите избраници и победата со 2:0 на гостувањето во Азербејџан против Сумгаит.

– Мислам дека го постигнавме она за што бевме уверени дека ќе го сториме. Добро го проучивме противникот, ги знаевме предностите и неговите слаби страни. Сакавме комплетно да ги изолираме силните точки на противникот, особено нивната фаза во нападот и мислам дека тоа беше пресудно. Тие се квалитетен тим, но мислам дека им недостасува само искуството во Европа, она што го има Шкендија.

Следниот ривал Шкендија ќе го дознае на 31 август за кога е закажана ждрепката за 2. коло.

Покрај Шкендија пласман во второто коло од квалификациите на Лига Европа, обезбеди и Ренова.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска