Концерт на учесниците на Летната школа за гитара на Струмица опен фестивал

Од:

Во Градскиот парк во Струмица вечерва ќе се одржи концертот на учесниците на Летната школа за гитара, која се организира во рамки на годинашното издание на Струмица опен фестивал.

Професорот по гитара, Васко Пиличев, вели дека подготовките за завршниот концерт траеле околу еден месец и смета дека публиката ќе биде задоволна од тоа што ќе го слушне.

-Оваа година по седми пат ќе се одржи Летната школа за гитара која е во рамки на програмата на СОФ. Годинава учествуваа помал број на учесници заради пандемијата со ковид-19, но тоа не значи дека е и помалку квалитетна. Темата на завршниот концерт ќе биде македонска музика, која ќе биде изведена од 30 учесници, рече професорот Пиличев.

Како солисти на завршиот концерт ќе настапат Јовче Пандев, Славица Ангелова, Анела Николова, Александра Иванова и Коста Николов, а инструменталисти се Таќи Дробаров –гитара, Зоран Трендов-гитара, Христијан Мучев-бас гитара и Џоко Ѓоргиев-тапани. Дел од музичката програма ќе биде и струмичанката Ангела Илиева со нејзиниот акустичен бенд.

Организаторите потсетуваат дека според протоколот за организација на настани во време на Ковид-19 задолжително е носење на лична заштита на лицето, задолжително одржување на физичко растојание и задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

Би можело да ве интересира

„Струмица-град на културата 2021“ продолжува со џез концерт „Џезна и Флет фалф“

Ана Ололовска

Десеттото издание на „Струмица опен фестивал“ почнува денес

Ана Ололовска

Со Трка на келнери почнува „Струмица опен фестивал“

Ана Ололовска

Петтото издание на „Струмица опен фестивал“ ќе се одржи од 6 до 14 август

По четврти пат од 7. до 16. август ќе се одржи „Струмица опен фест“

Ана Ололовска