Милан покажува интерес за напаѓачот на Атлетико, Анхел Кореа.
Според „Калчо Меркато“ 25-годишниот Аргентинец ќе биде приоритетна цел на „росонерите“ доколку Златан Ибрахимовиќ не потпише нов договор со клубот.
Договорот на 38-годишниот Швеѓанец со Италијанците истекува на 30 август.
Минатата сезона во Ла Лига Кореа одигра 33 натпревари, постигнувајќи 5 гола и седум асистенции.