Урнатиот украински авион кај Техеран бил погоден со две ракети

Од:

Анализата од црните кутии на украинскиот патнички авион „Боинг 737“, што во јануари се урна веднаш по полетувањето од аеродомот во Техеран, покажува дека леталото, во период од само 25 секунди, било погодено од две ракети и дека патниците уште некое време биле живи непосредно по првата експлозија, сооопштија денеска иранските власти.

Соопштението на иранската Организација за цивилно воздухопловство е прв официјален извештај за содржината на црната кутија и податоците од пилотската кабина, што во јули беше испратен на анализи во Франција, пренесоа британските медиуми.

Техеран призна дека во јануари случајно собори украински авион, во време на екстремни тензии со САД. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот на авионот.

„Деветнаесет секунди откако првата ракета го погоди авионот, гласовите на пилотите во кокпитот укажуваат дека патниците се живи … 25 секунди подоцна втората ракета го погодила авионот“, се вели во соопштението.

Иранската револуционерна гарда на 8 јануари со ракета земја-воздух го собори украинскиот авиопревозник, кратко време по полетувањето од Техеран, што иранските власти подоцна го признаа како „катастрофална грешка“ на нивните сили, кои беа во состојба на зголемена борбена готовност во судирот со САД.

Би можело да ве интересира

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина