Лидерот на табелата во Лига 1, тимот на ПСЖ на последниот натпревар од 35. коло синоќа пред своите навивачи одигра нерешено 1:1 со екипата на Валенсиен.
Гостите имаа предност од 17 минута, а стрелец Гаел Даниц. Парижаните од 43. минута играа со десет играчи откако Тиаго Силва беше исклучен, а во 84.минута ПСЖ изедначи преку Алекс.
Со освоениот бод ПСЖ има седум предност пред Олимпик Марсеј и веќе во следното коло може да ја прослави титулата.
На другите натпревари од оваа рунда беа постигнати овие резултати: Нанси – Олимпик Лион 0:3, Рен – Ница 0:3, Монпеље – Брест 2:1, Ремс – Ајаџио 1:1, Сошо – Лориен 1:0, Тулуз – Лил 4:2, Троа – Евиан 1:0, Олимпик Марсеј – Бастија 2:1 и Сент Етиен – Бордо 0:0.
Табела: ПСЖ 74 бодови, Олимпик Марсеј 67, Олимпик Лион 63, Ница 60, Сент Етиен 59, Лил 57,…