Аеромитингот во близина на Мадрид, на кој учесниците изведуваа различни акробации, заврши трагично.
Еден од учесниците загина, кога неговиот авион се урна, а потоа и експлодираше покрај шаторот каде што се одржуваше митингот.
Како што јавуваат локалните медиуми, пилотот се здобил со тешки повреди, а починал подоцна во болницата.
Портпаролот на аеродромот Куатро Вјентос, рече дека на митингот имало околу 3.000 лица, кога авионот се претворил во огнена топка и се урнал.
Тој додаде дека никој од посетителите не е повреден, додека други детали од инцидентот не се соопштени.