Бројот на жртвите од уривањето на зградата во Бангладеш се искачи на над 580

Од:

Бројот на жртвите при уривањето на зградата во главниот град на Бангладеш, Дака минатата недела, според најновите податоци, се искачи на над 580 лицa.

Од под остатоците на зградата, која се урна на 24 април, се шири непријатна миризба на телата кои брзо се распаѓаат на високите температури, што, како што јави Анадолија, во извесна мерка им помага на спасувачките екипи во откривањето на загинатите. Се очекува конечниот биланс на загинати да биде уште поголем, имајќи предвид дека во зградата биле сместени пет текстилни фабрики, во кои работеле околу 3.000 лица.

Се претпоставува дека под урнатините на зградата се наоѓаа телата на уште околу 1.000 загинати. Во врска со уривањето на објектот полицајата во петокот го уапси инженерот Абдур Разак Кан, консултат во градежната компанија „Рана Плаза“, која бесправно доградила уште три ката на зградата.

Неколку дена пред инцидентот градежната инспекција констатирала дека зградата не е безбедна и издала налог за нејзино иселување, но ваквите предупредувања биле занемераени од сопствениците на фабриките.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници