Албанија: Повторно рекорден број на новозаразени во еден ден

Од:

Со зголемениот број на извршени тестови во изминатите 24 часа, во Албанија е регистриран рекорден раст на бројот на новозаразени луѓе со Ковид-19.

– Од направените 864 тестови на сомнителни случаи, новиот коронавирус  е дијагностиран кај 158 лица, што е досега највисока бројка на новозаразени во едно деноноќие. И понатаму главно жариште на болеста е Тирана, каде е потврден дури 81 случај. Во исто време, оздравени се 57, а починаа двајца пациенти, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Официјалните бројки потврдуваат дека во текот на месецот се забележани 2.420 новозаразени лица.

Во Албанија досега се направени 52.724 тестови, од кои позитивни на вирусот биле 7.812 лица, оздравеле 3.928, а починале 234 пациенти. Активни на болеста се 3.650 луѓе.

Албанското Министерство за здравство упати апел до граѓаните да избегнуваат групирања, посебно на плажите, потоа во угостителските објекти и какви било церемонии, кои би биле извор на зараза.

Опозицијата состојбата ја оценува како катастрофална, посебно обвинувајќи го премиерот и министрите кои „наместо да се справуваат со пандемијата, август го минале на албанските плажи“.

– Се потврди како неопходна потреба правењето поголем број тестови, онака како што ние апелиравме. И понатаму тврдиме дека и сега се прават малку тестови, треба повеќе од 2.000 тестови во едно деноноќие, наведе албанската опозиција.

Според официјални бројки на меѓународни организации, Албанија е со најмал број направени тестови на милион жители.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата