Рускиот космонаут Иван Вагнер, кој се наоѓа на служба во Меѓународната вселенска станица, забележал пет неидентификувани летечки објекти, додека ја снимал поларната светлина над Антарктикот.
Тој тврди дека пет неидентификувани летeчки објекти се појавиле во времетраење од 9-та до 12-тата секунда од неговата снимка и се прашува дали се метеори, сателити или нешто друго.
Space guests, or how I filmed the new time-lapse.
The peak of aurora borealis when passing over the Antarctic in Australia’s longitude, meaning in between them. However, in the video, you will see something else, not only the aurora. pic.twitter.com/Hdiej7IbLU
— Ivan Vagner (@ivan_mks63) August 19, 2020
Астронаутот ја фотографирал поларната светлина (аурора бореалис) над Антарктикот по целата должина на Австралија.
Видеото е предадено за анализа до Федералната вселенска агенција „Роскосмос“ и Руската академија на науките.
Дел од корисниците на Твитер сметаат дека најверојатно станува збор за сателитите од проектот „Старлинк“ на Илон Маск.