Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Иран надмина 20.000, соопшти денеска портпаролот на иранското Министерство за здравство.
Тој рече дека уште 153 луѓе починале во последните 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 20.125 од почетокот на епидемијата.
Во истиот период, откриени се 2.444 нови случаи на инфекција, така што вкупниот број на заразени сега изнесува 350.227.
Од појавувањето на новиот коронавирус, Иран е најтешко погодената земја на Блискиот исток.