13 лица се тешко повредени како резултат на голема екплозија која настана на бензинска станица во рускиот град Волгоград, пренесоа локалните медиуми.
Според руските власти, големиот пожар настанал во моментот кога резервоар се запалил на локалната бензинска станица во Тракторозаводскиот Округ. На снимката се гледа како од местото на експлозијата се издига огромна огнена топка.
Повредените се префрлени на болничко лекување, јавуваат руските медиуми.