Министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Реџепи изјави дека Косово е подготвено да го примени договорот кој го парафираа премиерите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ.
Реџепи истакна дека примената на договорот нема да биде лесен процес, туку може да трае со месеци, но Косово е веќе подготвено да започне примена на планот за реализација на договорот.
-Остварувањето на планот може долго да трае, но некои прашања треба да завршат до јуни затоа што Србија има „црвена линија“ до кога треба да ги расформира илегалните безбедносни структури, како услов за почеток на дијалогот за членство во ЕУ-истакна тој.
Тој додаде дека без тоа процесот не може да започне и дека би било погрешно доколку тоа и се дозволи на Србија.
Зборувајќи за најавите за референдум, Реџепи наведе дека не е изненаден што Србија се обидува да пронајде начин да избегне примена на договорот.
Елена Георгиевска