Американскиот претседател Доналд Трамп на денешниот брифинг со новинарите во Белата куќа изјави дека не сака презакажување на датумот за планираните избори годинава во ноември.
– Не сакам да одложувам, туку сакам да има избори (во ноември). Но, исто така не сакам да чекам (резултати) три месеци а потоа да се открие дека сите (испратени по пошта) гласачки ливчиња исчезнале и изборите немаат значење, изјави шефот на државата.
Притоа Трамп истакна дека сè уште е загрижен за тоа дека милиони гласачки ливчиња испратени по пошта можат да предизвикаат проблеми. Според него, поради гласањето по пошта изборните резултати можат да станат извесни само по „недела, месец или дури и години“.
– Дали сакам да го изменам датумот на избори? Не, но не сакам да видам нефер избори, заклучи Трамп.
Трамп синоќа на Твитер најави дека изборите планирани за 3 ноември можат да бидат одложени.
– Да ги презакажеме изборите додека луѓето нема да можат да гласаат нормално и безбедно, напиша тој на Твитер.