Големи имиња добија „вајлд карта“ за Синсинати

Од:

Организаторите на преместениот во Њујорк годинава поради пандемијата од коронавирус турнир Синсинати, ги објавија имињата на тенисерките кои ќе добијат „вајлд карта“ за учество во натпреварувањето. Имаме доста сериозни имиња меѓу тенисерките за кои станува збор, што дефинитивно ќе го направи турнирот поинтересен.

Организаторите издвоија „вајлд карта“ за поранешните бр.1 во светот и освојувачки на повеќе од една гренд слем титула – Ким Клајстерс (Белгија), Венус Вилијамс (САД) и Наоми Осака (Јапонија), како и шампионката на УС Опен за 2017 година – Слоун Стивенс (САД). Кетрин Мекнили, 18-годишна талентирана тинејџерка од САД, исто така, доби официјална покана од организаторите.

Осака и Стивенс можеа да бидат во главната ждрепка поради своите позиции на ранг-листата, но првично не сакаа да се пријават на турнирот. Очигледно, двете подоцна се премислиле и ја прифатија поканата на организаторите на турнирот, кој започнува на 22 август.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он