Руските власти имаат нова енергетска стратегија, сакаат да ја намалат зависноста од нафтата и гасот

Од:

Руското Министерство за енергетика објави термински план за почеток на производство на водород како извор на енергија до 2024 година, во обид да ја подготви земјата за пост-јаглен ерата, јави Русија денес (РТ).

Државниот гасен монопол и најголемата руска компанија „Газпром“ и државната корпорација за нуклеарна енергија „Росатом“ во планот се именувани како носители на развојот на „водородна енергија“.

Со оглед на тоа што голем дел од светот сака во најскоро време барем да ја намали зависноста од нафта и гас, руската Влада очекува напредок во енергетскиот сектор кој ќе се потпира на поразновидни извори отколку сега, кога е заснован на нафта и гас.

Покрај тоа, според РТ, меѓународниот зелен тренд е значајна закана за руската економија, која во моментов е силно зависна од извозот на нафта, гас и јаглен.

Почнувајќи од 2021 година, Владата планира да ја позиционира Русија како значаен глобален снабдувач со водород, со цел овој гас, во кој се сите светски „зелени надежи“, да заземе значајно место во извозниот енергетски биланс.

Според документот објавен од Министерството за енергетика, „Газпром“ во 2021 година ќе почне со развој и тестирање на метан-водородна турбина, со цел користење на чиста енергија за напојување на различни начини на транспорт.

Покрај Газпром и Росатом, вториот по големина руски производител на природен гас Новатек исто така најави интерес за влез на пазарот на водород, а портпарол на компанијата рече дека „водородот ќе игра значајна улога во идниот енергетски биланс“.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот