Вториот рекет на светот, Симона Халеп, се повлече од турнирот во Палермо. Оваа информација ја објави менаџерот на романската тенисерка.
Одлуката е донесена поради новите правила според кои луѓето кои пристигнуваат во Италија од Бугарија и Романија мора да поминат задолжителен 14-дневен карантин.
Според директорот на турнирот, Оливеро Палма, регионалниот советник за здравство, Руџеро Раца, лично испратил официјални информации до Халеп во образложение дека указот на Министерството за здравство не треба да се однесува на работниците, односно за професионалните тенисери.
Како и да е, тимот на Халеп соопшти дека Романката нема да игра во Палермо.
– Ние сме вознемирени и длабоко разочарани, се вели во соопштението на организаторот на турнирот.