Расте билансот на загинатите во уривањето на зграда во Бангладеш

Од:

Билансот на загинатите при уривањето на повеќекатница во Бангладеш, што се случи минатата недела достигна 413 лица, откако спасувачките екипи денеска извадија уште тела од под урнатините, јави ДПА.

Осум дена по трагедијата, која се случи во осумкатница во градот Севар, во близина на главниот град Дака, се уште не е позната судбината на 600 лица.

Зградата, во која беа сместени тесктилни фабрики се урна на 24 април. Неколкустотини роднини на лица, кои работеле во зградата се уште чекаат околуурнатините, следејќи ја работата на спасувачките екипи.

Повеќе од 2.400 лица беа ранети во уривањето на зградата, во која освен текстилни фабрики имало и банка и продавници.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници