Мајкрософт води успешен врвен бизнис повеќе од три децении. Ниту една друга технолошка компанија не може да се спореди со нивните успеси. За сето тоа време, се појавија нови конкуренти, а критичарите предвидеа исчезнување на Мајкрософт, но наместо сето тоа, команијата уште повеќе напредуваше.
Да се разбере колку е ова невообичаено, е листата на Асимко. Едно нешто кое боде очи на оваа листа, е тоа дека речиси ниту еден од првите лидери во индустријата повеќе не постојат. Дури и шампионите во ерата на персоналните компанија, како што беа Компак или Дел, банкротираа. Во нивниот зенит, многу од овие компании изгледаа неуништиви. Приказната во софтверот е слична: Лотус, Борланд, Новел и грст други, или банкротрираа или паднаа многу скалила удолу.
Но тука е Мајкрософт, кој по скоро цела деценија наводен пад, сеуште создава импресивни цифри, меѓу кои се и 35 отсто оперативна маргина, и повеќе од 20 милијарди долари во годишна заработувачка. Во трката по кеш, каде никој не успева како Епл, тие сепак прават импресивни 60 милијарди долари, дури и по издвојување на огромниот годишен програм за истражување и развој од 9 милијарди долари.
Како што вели Мерил Чепмен во нејзината книга „Во потрага по ступидноста“, нивната тајна е дека Мајкрософт никогаш не направил било каква голема грешка. Менаџментот можеби пропуштил неколку шанси и свртувања, но секогаш успевал да се опорави. Сите нивни поранешни конкуренти, преку комбинација на претерана надменост и со лоши процени, ги ставија компаниите на опклада и изгубија.
Важно е да се запомни дека во 1999, Мајкрософот беше отприлика онаму каде е сега Епл. Тоа беше највредната копмпанија на светот, и остана непобедена.
Сега, нешто повеќе од една деценија подоцна, Епл е компанија која е предизвик и со сигурност ќе и претстојат тешки денови. Нејзините акции падна 40 отсто во споредба со најдобрите времиња кои ги постигнаа минатата есен и мора да се справува со опасната конкуренција по заминувањето на нивниот легендарен основач, и со бавната линија на нови производи.
Изградба на повеќекратни платформи: Изгледа дека додека сите се фокусираат на падот на Виндоус како домиантен оперативен систем, Мајкрософт си има палета на други разновидни бизниси.
Франшизата на Офисот останува ефикасен монопол, и одделот „Сервери и алатки“ прерасна во импресивен бизнис вреден 18 милијарди долари. Иксбокс предводи во играчката индустрија, и сега еволуира во силна интерактивна ТВ платформа.
Автомобилскиот оддел обезбедува технологии за Форд Синк и за други смарт кар системи, а Азуре, платформата за клауд-компјутинг, има големи шанси да биде оперативен систем на иднината.
Бизнсиите на Епл, од друга страна, се силно зависни од оперативниот систем ајОС, од смартфоните и од таблетите. Ова сега за сега се величенствени бизниси, но како и во секоја друга категорија, со текот на времето ќе стануваат се помалку профитабилни. Засега, Епл не работи на некаква нова позначајна платформа, како што е силна вештачка интелигенција или на решение за клауд компјутинг .
Единствената грешка која му се закануваше на постоењето на Мајкрософт, беше арогантното справување со неговите антитраст правила, кои произлегоа од лутото ривалство со Нетскејп, кое го одвлече вниманието на менаџментот и доведе до релативен пад на компанијата.
Епл изгледа дека оди по истиот пат, преку жестоките битки за патенти против Самсунг, Моторола и грст други.