Бесплатни проекции / кино на отворено ќе се одржат утре и задутре во паркот на Младинскиот културен центар.
Како што соопштија од Младинскиот културен центар, на репертоарот утре е филмот „Portrait of a Lady on Fire“ (2019) во режија на Селин Шиама, а задутре „Everybody Knows“ (2018) во режија на Асгар Фархади. Проекциите почнуваат во 21 часот и обезбеден е превод на македонски јазик.
-Билетите се бесплатни и задолжителни, и можат да се набават преку bileti.mkc.mk. Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита, информираат од Младинскиот културен центар.