Судот за арбитража во спортот (CAS) денес делумно ја прифати жалбата на Манчестер сити во врска со исклучувањето на тимот од европските купови следните две сезони, како резултат на прекршување на правилата за финансиски фер-плеј.
За потсетување, во февруари, УЕФА ја заврши истрагата, по што Манчестер сити беше обвинет за кршење на правилата за финансиски фер-плеј. Англискиот клуб беше суспендиран од учество во европски натпреварувања и казнет со 30 милиони евра. Последователно, премиерлигашот се жалеше, но разгледувањето на нивната жалба беше одложена поради пандемијата на коронавирус.
Како резултат на ова, КАС ја укина дисквалификацијата за евро-куповите. Клубот е казнет со 10 милиони. Казната мора да се плати во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на решението.
Сити веќе обезбеди учество во елитното европско натпреварување за следната сезона.