Ештон: Не треба да се радуваме пред време

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон оцени дека не е потребно радување пред време за спогодбата која ја постигнаа Белград и Приштина.

„Не треба да се радуваме пред време. Историјата се уште не завршила. Обете држави и натамусе на крстосница, но двајца храбри луѓе веќе го избраа патот на мирот, наведува Ештон во авторскиот напис, објавен денеска во московски „Комерсант“.

Според неа, во последната половина година таа набљудувала како премиерите на Србија и Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи се претвориле од политичари во миротворци, и дека знаеле оти ризикуваат, но дека не се исплашиле.

„Тачи и Дачиќ на 19 октомври влегоа во мојот кабинет во новото седиште на Европскиот комитет за надворешна политика. Ниту еден од политичарите не знаеше како ќе се прифати веста за нивната средба во нивните татковини. Единствената заедничка фотографија, која ја направи наш фотограф, ја чував се додека обајцата премиери не дадоа согласност да се објави“, пишува Ештон.

Таа дополни дека задача на двајцата премиери е да им се „помогне на десетиците илјади Срби кои живеат во северно Косово“. Според неа, обајцата „биле подготвени на конструктивен дијалог“.

„Сега Србија и Косово тежнеат да влезат во ЕУ. Со спогодбата постигната минатата недела почна процес кој ќе им овозможи да ја постигнат својата цел“, наведува Ештон, дополнувајќи дека само фактот дека Дачиќ и Тачи дошле во нејзиниот кабинет докажува дека тие луѓе имале храброст да замислат подобра иднина за своите народи.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски