Премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, свечено ќе го потпишат договорот за нормализација на односите и план за спроведување кога ќе се усогласи, тврди вицепремиерот на Косово Хајредин Кучи.
Тој рече дека очекува приближување на ставовите на Белград и Приштина за да продолжи процесот кој ќе донесе церемонија на формално потпишување на договорот, објави Коха диторе.
Вицепремиерот оцени дека е потребен поголем меѓународен притисок врз Србија за спроведување на договорот.
Кучи ја предводи делегацијата на Приштина која во Брисел со делегација од Белград разговара за планот за примена на договорот.