Кандидатот за претседател на САД, Џо Бајден, направи неочекуван лапсус на видео-конференција.
Тој се претстави: „Добар ден на сите, јас сум сопругот на Џо Бајден, Џо Бајден“.
Поранешниот потпретседател на САД, кој ќе биде противкандидат на актуелниот претседател Доналд Трамп на ноемвриските избори, учестуваше на видео-конференција на Националната просветна асоцијација.
Директорката на асоцијацијата, Лили Ескелсен Гарсија, претставувајќи го Бајден, напомена дека неговата сопруга Џил е долгогодишен член на таа организација.
Во тој момент, Бајден се појави на екранот и се претстави како сопруг на самиот себе.
“I’m Joe Biden’s husband. Joe Biden.” – Joe Biden. pic.twitter.com/bqGYJAnWVY
— Francis Brennan (@FrancisBrennan) July 3, 2020
Ова не е прв лапсус на Бајден. Во март, за време на кампањата, тој се обиде да ја цитира Декларацијата за независност, но не можеше во целост да се сети како гласи целиот цитат.
Во мај пак, изјави дека „повеќе ја цени вистината од фактите“, иако тие два збора имаат речиси исто значење.