ЛШ: УЕФА сака да ги премести дуелите од осминафиналето во Португалија

Од:

Останаа уште четири реванш натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите, а планот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) е да ги премести сите во Порто и Гимараеш, пренесоа синоќа медиумите ширум светот.

Бидејќи последниот турнир во елитното натпреварување се игра во Лисабон (12 август), ова во голема мерка би ја олеснило организацијата според протоколите за коронавирусот, но и ќе им наштети на некои тимови.

Во тој случај, најлошо би поминал Манчестер Сити, кој има предност од 2:1 по гостувањето кај Реал Мадрид и со тоа ќе ја загуби предноста на домашниот терен. Бројни светски медиуми јавуваат дека „граѓаните“ лобираат против ваквиот исход, а слично се чувствуваат и во Барселона, која очекуваше реванш на својот „Камп Ноу“ по ремито во Неапол (1:1).

Јувентус исто така го чека реваншот од Лигата на шампионите во дефицит, со оглед дека загуби во Лион (1:0), додека Баерн е, можеби, најнезагрижен, бидејќи рутински го совлада Челси во Лондон (3:0).

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри