Јан Клиф: Косово не е Косово без Срби

Од:

Амбасадорот на Велика Британија во Приштина, Јан Клиф изјави дека Косово без Србите, не е Косово и дека за нив е приоритетно прашањето за враќање на раселените лица и стабилизирање на заедницата на Косово. Тој истакна дека иднината на Косово како и секаде во Европа е мултиетничка држава и заедница.

-На Косово му требаат повеќе Срби, Бошњаци, Роми. Косово без Срби, не е Косово и затоа прашањата за враќањето и малцинските заедници се приоритет-изјави Клиф.

Амбасадорот Клиф и министерот за враќање и заедница во владата во Косово, Далибор Јевтиќ денес со техничкиот парнер за имплементација на компанијата ДМ потпишаа меморандум за соработка, во врска со процесот за враќање и стабилизација на заедницата.

Министерот Јевтиќ и амбасадорот во текот на денешниот разговор се согласија дека парите на граѓаните на Косово и Велика Британија мора да се почитуваат и во таа смисла борбата против корупцијата е многу важна.

Тие истакнаа дека постигнатиот договор од Брисел, помеѓу Белград и Приштина е многу важен и дека отвора врата за масовно враќање на раселените.

-Правото на враќање е право кое што не е оспорувано, но процесот мора да се одвива на еден транспарентен начин-нагласи Јевтиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина