Репрезентативката Кметовска нова кошаркарка на Баскет Кам

Од:

Најмладиот женски прволигашки клуб, ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица започна да го гради тимот за новата сезона. Јордан Цветанов кој го предводи тимот информира дека екипата во својата трета сезона од прволигашкото друштво ќе влезе со високи амбиции.

– Прво засилување за реализирање на амбициите на Баскет Кам е ангажирањето на македонската репрезентативка Ивана Кметовска која игра на центарската позиција. Таа доаѓа од екипата на скопски Бадел, а претходно има играно во Шпанија за Кесос ел Пастор, во Турција за Јалова и во САД како дел од универзитетот Вашингтон, информира Цветановски.

Во следниот период тој најавува уште неколку квалитетни засилувања во екипата.

– За да имаме што поконкурентен тим, навестуваме и други слични засилувања се со цел љубителите на кошарката во нашиот град да бидат во можност да следат квалитетни прволигашки натпревари, додаде Цветанов.

Баскет Кам до прекинот на првенството поради здравствената пандемија освои 27 бодови со што се најде на високото трето место на првенствената табела.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска