Премиерата на АјФон 5С би можела да биде одложена за јуни поради проблеми со новиот безбедносен систем за отклучување на телефонот со отпечаток од прсти на кроисникот.
Порталот „Емирејтс 24/7“ објави дека неименуван извор од Тајван потврдил дека „Епл“ барал заштитен материјал за сензорот, што нема да го попречува неговото работење, и дека тоа е причина за доцнењето на телефонот.
Освен претстојниот АјФон 5С, Епл работи и на евтин модел за кинескиот и индискиот пазар што се очекува да се појави во јуни.
Двата телефони ќе имаат екран од четири инчи, но поевтината верзија најверојатно нема да ја има функцијата за отклучување на телефонот со отпечаток од прсти. Сензрот за читање отпечатоци од прсти ќе се наоѓа под „хоум“ копчето.