Менаџерот на Челси ги коментираше постојаните шпекулации во врска со интересот на клубот за германскиот талент Каи Хаверц.
– Тој е врвен играч, но нема да коментирам играчи од други тимови. Немаме испратено никакви понуди, рече тој.
Утре „сините“ ќе бидат домаќини на Манчестер Сити, со надеж дека ќе направат уште еден чекор кон квалификациите за Лигата на шампионите. Лампард сподели дека нема проблеми со повредите во тимот. Со оглед на зафатениот циклус, се очекуваат ротации во екипата.
– Секој натпревар е можност да се види развојот на тимот. Против Вила беше убаво да се види карактерот. Против Сити сакаме да бидеме на ова ниво. Ние сакаме да ја намалиме разликата. Сити вложи многу напор во последните години”, изјави менаџерот.
Тој зборуваше и за Вилијан и Педро, кои ги продолжија своите договори за да ја завршат сезоната, но, најверојатно, ќе го напуштат клубот после тоа.
– Ние сè уште разговараме со играчите, особено со Вилијан. Се чувствувам уверен дека ќе остане. Продолжуваме да зборуваме и ќе видиме, додаде легендата на Челси.