Повторно скандал со реставрација на уметничко дело во Шпанија

Од:

Шпанија се соочува со уште еден случај на, според многумина, непрофесионална реставрација на уметничко дело. Овој пат се работи за сликата „Дева Марија“ од шпанскиот уметник Бартоломеј Естебан Муриљо, кој живеел во 17 век.

– Мислам дека овој човек – или луѓе – не треба да се нарекуваат реставратори. Тие се квази-мајстори кои само ги прикрпуваат работите. Тие ги уништуваат делава!, нагласи Фернандо Карера, поранешен претседател на шпанското Професионално здружение на реставратори и конзерватори.

Слични критики доживеа и онаа на дрвената статуа на Св. Ѓорѓија од 16 век, којашто по зафатот 2018 година, ја нарекуваа „урнебесен цртан лик“. Љубителите на уметноста, на Твитер веднаш го споредија и овој потфат со неславно лошата реставрација од 2012 година, на „Ече хомо“ фреската „Исус Христос“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска