На дуелот Сити – Барнли, авион прелета над стадионот со транспарент: Белите животи се важни

Од:

За време на синоќешниот натпревар од 30. коло од шампионатот на Англија, Манчестер сити – Барнли, над стадионот „Етихад“ кружеше авион на кој беше прикачен транспарент: „Белите животи се важни“.

Ова се случи откако фудбалерите на тимовите клекнаа во прилог на слоганот „Црните животи се важни“.

Овој слоган стана еден од симболите на протести против полициската бруталност против црнците. Протестите започнаа во САД по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако полицаец го задуши со колено.

Натпреварот заврши со победа на Манчестер сити со 5:0.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска