Јака Блажич останува уште две сезони во Цедевита Олимпија

Од:

Словенечкиот кошаркар Јака Блажич го продолжи договорот со Цедевита Олимпија на уште две сезони, јавуваат локалните медиуми.

Искусниот бек и словенечки репрезентативец минатата сезона во АБА лигата постигнуваше по 15.1 поени, 5.6 скокови и 2.7 асистенции по натпревар, додека во Еврокупот 2019/20 година, 29-годишниот Словенец имаше просек од 9,8 поени, 4,0 скока и 2,4 асистенции по средба.

„Драго ми е што се договоривме да ја продолжиме соработката. Пред нас е нова сезона и нов предизвик и во неа влегуваме со реновиран состав. Верувам дека не очекува добра сезона со добри резултати,“ изјави Блажич.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ