НБА ќе им понуди на кошаркарите „паметен прстен“ за рано откривање на инфекција со коронаворус

Од:

НБА-играчите ќе имаат можност да носат таканаречен „паметен прстен“ кој ќе ги следи дишењето и температурата на кошаркарите за рани знаци на можна инфекција со коронавирусот, јавуваат американските медиуми.

Продолжението на сезоната запрена во март поради пандемијата е планирано за крајот на јули во салата „Светот на спортовите“ на Дизни во Орландо, во американската сојузна држава Флорида.

Според раководството на НБА, таквиот „паметен часовник“ ќе биде опција за играчите и нема да биде задолжителен. Првите луѓе на лигата велат дека направата со 90 проценти сигурност ги открива инаку невоочливите рани симптоми на болеста, до три дена пред да настапат вистинските симптоми.

Еден модел на таков часовник што се продава во САД е Oura, кој чини околу 300 долари, а ги мери температурата, пулсот, времетраењето на сонот и дишењето на оној што го носи.

 

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо