Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф преку Твитер соопшти дека е „можно спогодбено решение“, одговарајќи на барањето на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Агенцијата бара пристап до две нуклеарни централи во Иран.
Франција, Велика Британија и Германија доставија нацрт-резолуција до Одборот на МААЕ, во која го повикуваат Иран да престане да го ускратува пристапот на агенцијата и целосно да соработува со неа, беше кажано на онлајн средбата на МААЕ.