Ештон: Чест ми е да помогнам

Од:

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон изјави дека на премиерите на Србија и Косово, им понуди помош за спроведување на бриселскиот договор, но и за продолжување на разговорот помеѓу Белград и Приштина, истакнувајќи дека имплементацијата сега е најважна.

-Се понудив да учествувам не само во имплементацијата, туку и во понатамошниот дијалог- истакна Ештон по состанокот со шефовите на дипломатиите на членките на Унијата, кои во изјавите за медиумите договорот го означија како историски.

Според нејзините зборови, сега е најважна имплементацијата на договорот.

-Јас сум на располагање и чест ми е да помогнам – нагласи високата претставничка на ЕУ.

Ештон ја поддржа Европската комисија, која денеска препорача со Србија да се започнат пристапни преговори.

-Европската комисија во извештајот наведе дека Србија ги исполни критериумите од декември 2012 година и Европскиот совет, па сега може да ги започне неопходните процедури, а во јуни ќе може да донесе одлука за започнување на преговорите со Србија – изјави таа.

Ештон наведе дека е задоволна што владата на Србија денес едногласно го усвои договорот кој во петок беше парафиран во Брисел и што истото тоа е направи и Приштина.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ уште еднаш ги пофали храброста, лидерството, одлучноста на премиерите и нивните тимови и оцени дека со тоа ги водат своите народи во подобра иднина.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски