Иран одбива меѓународна контрола на нуклеарните постројки

Од:

Иран денеска го отфрли повикот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да дозволи инспекција на два објекти, што може да предизвика нови проблеми во спорот околу иранската нуклеарна програма.

„Ако МААЕ продолжи со овој пристап, тоа би можело да предизвика проблеми во билатералните односи,“ изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Тој најави дека Иран „соодветно“ ќе одговори доколку агенцијата за атомска енергија на ОН не се согласи на „конструктивен пристап“.

Иранската дипломатска мисија со седиште во Виена, каде е и седиштето на МААЕ, предупреди дека барањата на агенцијата може да доведат до повторна криза во спорот околу иранската нуклеарна програма.

Повеќе од четири месеци Техеран одбива да и дозволи пристап на МААЕ до две локации за кои агенцијата смета дека крие ураниум што не е пријавен, кој иранските власти би можеле да го искористат за производство на атомско оружје.

Инспекцијата ја побара шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, кој беше поддржан од Германија, Велика Британија и Франција.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он