Удар за Јунајтед: Санчо е подготвен да се врати во Манчестер сити

Од:

Sвездата на Борусија Дортмунд, Џејден Санчо е подготвен да се врати во Манчестер сити, сензационално тврди „Сан“.

Според публикацијата, англискиот репрезентативец ќе седне на преговарачката маса со „граѓаните“, доколку тие имаат понуда за него.

Веста е прилично изненадувачка, бидејќи Сити се сметаше за последна опција пред Санчо. Тој го напушти клубот во 2017 година, поради малкуте минути што ги доби.

Дури се тврдеше дека тој бил навреден од менаџерот Пеп Гвардиола за неговиот став кон него и недовербата во неговите способности.

Британецот има втора одлична сезона за „црно-жолтите“ и е поврзан со речиси сите водечки екипи во Европа – Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Јувентус, Интер и сите водечки клубови во Премиер лигата.

Во последните неколку недели, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Ливерпул се појавија како големи фаворити за неговиот потпис. Се веруваше дека желбата на играчот е да ги засили „црвените ѓаволи“ за да игра во клуб со неговиот близок пријател од репрезентацијата на Англија – Маркус Рашфорд.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска