Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја отстрани воената коалиција предводена од Саудиска Арабија од црната листа на Обединетите нации, неколку години откако беше ставена на списокот поради убиства и повредување деца во Јемен.
Коалицијата уби или повреди 222 деца во Јемен минатата година, напиша Гутереш во годишниот извештај до Советот за безбедност на ООН. Тој рече дека бунтовниците Хути биле одговорни за 313 такви дела, а владата на Јемен за 96 и обете остануваат на црниот список.
Меѓутоа, Гутереш рече дека коалицијата ќе биде под надзор една година и „секаков неуспех“ да се намали смртноста кај децата ќе резултира со повторно ставање на црната листа следната година.