Пролетна сесија на ПССЕ во Стразбур

Од:

Во Стразбур започна со работа вториот дел или така наречената „пролетна сесија“ на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), во чија работа учествува и македонска собраниска делегација, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

ПССЕ при самиот почеток од работата одлучи да одржи ургентна дебата за ситуацијата со сириските бегалци во Турција, Јордан, Либан и Ирак, и како за организирањето на меѓународната помош. Во тој контекст в четврток пред ПССЕ ќе зборува и претседателот на Pарламентот на Јордан.

На парламентарците од 47 земји членки треба да им се обратат претседателот на Германија Јоаким Гок, премиерот на Грузија Видзина Иванишвили, премиерот на Романија Виктор Понта и шефот на Владата на Андора, која претседава со Комитетот на министрите на СЕ, Антони Марти.

Меѓу поважните дебати на пролетната сесија е постмониторинг дијалогот со Турција, насилството наспроти религиозните заедници, борбата ротив сексуалниот туризам во кој се вмешани деца, дискриминацијата на децата Роми, ризиците и прендостите од нанотехнологијата и годишниот извештај на комесарот за човекови права на СЕ.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија