Српската Влада ја одобри спогодбата за нормализирање на односите со Косово

Од:

Српската Влада ја одобри денеска спогодбата за нормализирање на односите со Косово, која беше постигната со посредство на Европската унија.

Портпаролот на српската Влада Миливое Михајловиќ изјави денеска дека Владата едногласно ја одобрила спогодбата, која премиерите на Србија и Косово ја парафираа во Брисел во петокот на 19 април.

Спогодбата предвидува широка автономија за косовските Срби и надлежности за косовските Албанци врз териториите на Косово, во кои мнозинството од населението се Срби.

Документот треба да биде одобрен и во Парламентот на Србија, а сите партии од владејачката коалиција го одобрија пред вонредата седница на кабинетот, така што неговото усвојување во законодавното тело се очекува да мине без проблеми.

Спогодбата беше постигната на 19 април по десет круга преговори и е еден од клучните предуслови за напредокот на Србија на патот кон членство во ЕУ.

И покрај спогодбата српските лидери тврдат дека Србија никогаш нема да го признае Косово, кое прогласи независност во 2008 година.

Парламентот на Косово ја одобри спогодбата доцна синоќа со 89 гласови „за“ и седум „против“.

Косовските Срби, чија автономја беше едно од најгорливите прашања во преговорите, ја отфрлија спогодбата и закажаа за денеска протести во Косовска Митровица.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски