Конгресмените го притиснаа ФБИ за заканата од Царнаев

Од:

Американски конгресмени вчера го прашааа ФБИ зошто не ја виделе заканата од Тамерлан Царнаев, еден од двајцата браќа, осомничени како извршители на атентатот на финишот од Бостонскиот маратон.

Законодавците се пожалија дека ова е просто само уште еден од повеќето случаи во кои некој, кого агенцијата го истражува, подоцна учествува во терористички акт, пренесоа британските медиуми.

Претседателот на комисијата за внатрешна безбедност во Претставничкиот дом Мајкл Макол во писмо до ФБИ и други официјални претставници се заинтересира зошто Тамерлан Царнаев не предизвикал сомнение кога пред две години Русија го замолила ФБИ да го истражи.

-Би сакал да знам, исто така, какви разузнавачки информации има за него и самата Русија, изјави Макол, републиканец од Тексас, за Си-Ен-Ен.

Во 2011 година, откако руската Федерална служба за безбедност ја замолила агенцијата да истражи дали тој не е радикален исламист, ФБИ му одобрила да патува до Русија.

Во одговор на сомненијата на конгресмените ФБИ не кажа ништо ново, туку само го повтори соопштението од петокот дека „не открил никакви знаци за терористичка активност во САД или во странство“, откако зборувало со Царнаев и ги истражило неговите претходни патувања, како и неговата активност на Интернет.

Помалку од една година по разговорот со ФБИ Царнаев патува до немирната автономна република Дагестан, во Јужна Русија, каде, според сосед, минува речиси неколку недели.

Што точно правел таму, американските иследници се уште не знаат.

Родителите на Тамерлан тврдат дека тој посетил роднини и немал никакви контакти со екстремистите, што се активни во овој дел на Руската федерација, пренесоа американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он