Советот на ЕУ ќе расправа за датумот за Србија

Од:

Советот на министрите на Европската унија ќе расправа денеска во Луксембург за доделувањето датум на Србија за почетокот на преговори за влез во Унијата.

Министрите на почетокот на дводневното заседание ќе го сослушаат извештајот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, поврзан за договорот за предлог-спогодбата меѓу Белград и Приштина, која е постигната во петокот, како и за напредокот на Србија во достигнувањето на европските стандарди преку внатрешни реформи. Ештон извештајот треба да го поднесе околу девет часот.

Министрите потоа ќе расправаат за тоа дали Србија ги исполнила условите, кои Советот и ги пропиша во декември минатата година и по тоа ќе одлучи дали да препорача на самитот во Брисел во јуни Србија да добие датум. Тие услови предвидуваат воспоставување на „видлив и траен напредок“ во односите меѓу Белград и Приштина и продолжување на внатрешните реформи.

Според дипломатски извори, на кои се повикува Танјуг, практично нема сомнение дека одлуката на Советот ќе биде позитивна и јавно ќе биде соопштена околу пладне.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата