Преживеа напад во Бостон и експлозија во Тексас

Од:

Џо Берти го истрчал бостонскиот маратон само неколку секунди пред силната експлозија недалеку од целта.

Тој, со сопругата Ејми и неговите пријатели биле не десет метри од експлозијата од која загинаа три лица, а ранети се повеќе од 180.

Ејми и една нејзина пријателка биле погодени од шрапнел, но нивните повреди се лесни.

– Само триесетина секунди откако ја поминав целта ја слушнав првата експлозија, се свртев и видов чад. Веднаш знаев дека е бомба. Тогаш одекна и втората експлозија и луѓето почнаа да трчат-изјави Берти, татко на две девојчиње од 8 и 11 години.

Наредниот ден семејството отпатувало во Тексас, со надеж дека се ќе продолжи со вобичаениот тек.
Берти во среда вечер се враќал од работен состанок, кога пред себе здогледал црн чад.
Кога се приближил, ја видел и почувствувал, втората експлозија во рок од два дена.

Во експлозија во фабриката за производство на ѓубриво во Вест, недалеку од Вако, во центарот на Тексас, загинаа најмалку пет лица, а повеќе од 160 се повредени.

–Често се молиме за луѓето кои немаа среќа како ние – изјави сопругата на Берти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија