Косовскиот премиер Хашим Тачи во излагањето пред пратениците во Собранието на Косово истакна дека договор за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија е договор за иднината на двете држави и дека со него е обезбеден суверенитет на Косово, на целата територија.
-Тоа е договор кој ќе го обезбеди нашиот суверенитет на целата територија, ресформирањето на паралелните структури и почитување на Уставот и законите на Косово во секој дел од државата –изјави Тачи.
Тој смета дека ова е најдобро можно решение во сегашните околности и побара од граѓаните на Косово да не се плашат од содржината на тој документ.
Претставниците на пратеничките групи на Демократска партија и Демократски сојуз на Косово изразија поддршка на договорот, додека лидерот на Самоопределената Аљбин Курти не се согласува со текстот во договорот и рече дека ова е најлошата работа која што можело да се случи.
Се уште не е познато дали вечерва косовскиот парламент ќе го ратификува договорот или само ќе даде согласност за решението.
Елена Георгиевска