Премиерот на Косово Хашим Тачи свика вондредна седница на косовскиот Парламент со цел поддршка на постигнатиот договор меѓу Белград – Приштина кој би можел да биде потпишан наредната недела.
Тачи го повика Парламентот да донесе исправна одлука, така што ќе го поддржи напорот за нормализирање на односите меѓу двете земји.