Дендиас – Ди Мајо: Историски ден за Грција и Италија

Од:

Како „историски ден и момент за двете земји“, го окарактеризираа денешниот ден шефовите на грчката и италијанската дипломатија Никос Дендиас и Луиџи ди Мајо, откако го потпишаа договорот за разграничување на ексклузивните морски економски зони меѓу Грција и Италија, јави дописничата на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција рече дека е историски ден, бидејќи претходниот договор бил во 1977 година, а истакна дека цврст стремеж на земјата е „разграничување на морските зони со сите соседи, во рамките на меѓународното право”.

Шефот на италијанската дипломатија изрази убеденост дека со договорот ќе се зајакне историското пријателство меѓу двете земји

На средбата во грчкото МНР станало збор и за туризмот, во пресрет на летната сезона, со оглед на тоа дека Италија не е на листата земји за кои Грција на 15 јуни ги отвора границите.

Министерот за надворешни работи на Италија го информирал неговиот грчки колега за епидемиолшоката ситуација земјата и истакна дека е особено среќен што од Никос Дендиас го уверил дека до крајот на месецот ќе бидат тргнати сите рестрикции за италијанските туристи да можат да патуваат во Грција.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија