Договор за разграничување на ексклузивната економска морска зона меѓу двете земји ќе потпишат министрите за надворешни работи на Грција и Италија, Никос Дендиас и Луиџи ди Маjо на нивната денешна средба во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефовите на грчката и италијанската дипломатија ќе разговараат за темите од билатерален, европски и регионален интерес.