Истражувач пронајде скриено богатство од милион долари

Од:

Истражувач-авантурист пронајде скриено ковчеже во пределите на Карпестите Планини во САД. Богатството чини околу еден милион долари и му припаѓа на познатиот колекционер Форест Фен (89).

Имено, тој во автобиографијата под наслов „Возбудата на потрагата“ од 2010 година, поместил песна со 24 стиха која укажува дека скрил дел од своето богатство во оваа планинска верига, некаде во Ново Мексико, Колорадо, Вајоминг или Монтана.

Писателот Даг Престон, инаку близок пријател на Фен, вели дека го видел ковчежето и дека е уверен оти тој навистина го поставил тоа богатство некаде.

– Во ковчегот имаше големи парчиња злато од Аљаска, златни парички, статуетки, како и скапоцени камења… Го познавам Форест повеќе од 30 години и знам дека тој никогаш не би измамил, вели писателот.

Ова десетлетие, четворица авантуристи загинале во потрага по богатството.

Пронаоѓачот претпочита да остане непознат за јавноста.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска