Шефовите на Премиер лигата ќе бидат овластени да изрекуваат огромни казни за сите играчи кои си дозволуваат да ги прекршат безбедносните мерки. Во овие казни же биде вклучуено и одземање на поени.
Официјалните претставници на Лигата сакаат да спречат какви било опасности што би можеле да спречат продолжување на првенството. Според „Сан“, казните за играчите кои ги кршат мерките за изолација ќе бидат во размер до 200 илјади фунти.
Според информациите, повторените прекршувања би довеле до парична казна од двојно поголема сума на пари, додека серија прекршувања во еден клуб можат да бидат санкционирани дури и со одземање на поени.
Овие драстични мерки ќе бидат преземени откако голем број sвезди во Премиер Лигата се фатени на дело во последните неколку недели.